Community Development Institute (CDI)

„Институтот за развој на заедницата (ИРЗ),, – е невладина и непрофитна национална асоцијација за одржлив развој, образование и социјални услуги од С. Македонија. Искуството на ИРЗ се заснова на повеќе од 25 години работа во заедницата. решавање на проблемите и потребите на граѓаните и помагање во надминување на предизвиците ИРЗ обезбедува работно место за луѓе од различно етничко и социјално потекло и нуди неформално образование во областа на управување со проекти и вештини за вработување.

Стратешки цели:

  1. Подобрување на условите за живот и животниот стандард;
  2. Зајакнување на демократијата и граѓанското општество;
  3. Стручно образование и обука;
  4. Економски развој;
  5. Социјални услуги, кохезија и инклузија;
  6. Подобрени меѓуетнички односи.


На меѓународно ниво, стратегијата за ИРЗ е преку членство во европските платформи и мрежи за размена на знаења и соработка во партнерства со други организации и институции. ИРЗ е членка на неколку европски мрежи како што се Европски граѓански форум, СОЛИДАР, САМАРИТАН, Европска мрежа за иновации во инклузијата и други мрежи. Вклучувајќи се во мрежите, ИРЗ изминатите 7 години успеа да биде вклучена во повеќе од 30 мултилатерални проекти и да ја зајакне својата позиција како снабдувач на знаење и дистрибутер на ресурси во Македонија“.

Партнери

Skip to content